Одбележан Светски ден на детето – 20 Ноември
На градскиот плоштад во Куманово, со пригодна програма наменета за најмалите, денеска е одбележан меѓународниот ден на детето, во организација на Општински совет за превенција на детско престапништво – Куманово и Отсек за превенција при СВР-Куманово.
На културно – уметничкиот настан,кумановските фолклорни ансамбли КУД “Српски вез” и КУД “Бајрам Шабани”, им приредија забава на учениците од прво до петто одделение, од општинските основни училишта, кои учествуваа на денешниот детски музички хепенинг.
Низ песна и игра, на огромно задоволство на децата, им се придружија омилените ликови од цртаните филмови, кои предизвикаа еуфорија на плоштадот.
На настанот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ.