Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентирани препораки од Извештајот за социјално мапирање во општина Куманово

Денеска во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации се одржа презентација на препораките од Извештајот за социјално мапирање во општина Куманово. Препораките ги презентираше проф. д-р Јадранка Денкова од Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, како претставник од Центар за европска граѓанска иницијатива, кој е партнер за спроведување на социјалното мапирање.  Социјалното мапирање на лицата со попреченост и други маргинализирани групи, кое беше извршено во период 2023-2024 година, е спроведено и поддржано од страна на НАЛАС-Мрежа на асоцијации на локалните власти на Југоисточна Европа, ГИЗ- Германско друштво за регионална соработка и ЗЕЛС-Заедница на единиците на локалната самоуправа на РСМ. Целта е да ги утврди потребите на одредени категории граѓани и дефинирање на препораките, кои ќе бидат имплементирани од страна на општина Куманово.

На средбата присуствуваа членови на Општински совет за социјална заштита (Здравствен дом, ЈУМ Центар за социјална работа и Центар за вработување, Здружение „Инклузива“, Здружение „Порака Наша“, Општинска организација на Црвен крст, Здружение на слепи лица) и претставници на општинска администрација (Сектор за образование и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

 

 

 

 

                 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст