Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Почитувани,

Општина Куманово и УНДП во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации, Ве поканува на првата форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Сесијата ќе се одржи на 26 септември 2024 година (четврток), во 12.00 часот во ресторан Грација,  нас.Карпош (Индустриска зона). Целта на првата форумска сесија е да се претстават резултати од мониторингот на квалитет на воздух и главните извори на загадување на воздухот во Куманово. Учесниците ќе имаат можност да дискутираат за одредени мерки и активности за справување со загадувањето,идентификување на потребите на најранливи групи на граѓани за почист воздух, како и можност за предлози за унапредување на квалитетот на воздух во нивната Општина.

Форумот на заедниците ќе има две сесии. На втората сесија пред граѓаните ќе се претстават конкретни мерки, со цел да се одберат најсоодветните, кои Општината заедно со УНДП ќе ги спроведува во текот на 2025 година. Мерките може да се фокусираат на зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, замена на нееколошките системи за греење во јавни општински објекти, поставување на системи за производство на струја од обновливи извори, изградба на велосипедски патеки, креирање на парк-шуми и сл.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешна реализација на форумскиот процес.

Во прилог Агенда од настанот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст