11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

,,Батко Ѓорѓија Куманово 2026” – маскенбал

,,Батко Ѓорѓија Куманово 2026” – маскенбал

Кумановскиот градски плоштад денеска претставуваше голема сцена на креативни групни маски, изработени од повеќе општински образовни институции, во организација на Oпштина Куманово и Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината. Пред присутните се претставија преку 500 маскирани учесници, од 7 објекти на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”, од ООУ “Магдалена Антова”, ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Вера Которка”, општинските средни училишта и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово, со вкупно 14 групни маски. Настанот го отвори секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, истакнувајќи ги културните вредности, кои ја поврзуваат заедницата во секојдневниот начин на живот. Овогодинешното традиционално 22 -ро издание на манифестацијата, имаше ревијален карактер, со доделување на благодарници на сите учесници на маскенбалот. Претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општината беа дел од публиката на градскиот плоштад.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Караванот „Денови на спортот“ во Куманово