11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Второ авионско прскање против возрасна форма на комарци

Второ авионско прскање против возрасна форма на комарци

Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека на 05.08.2026 година (среда) со почеток во 05:00 часот, ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци.

Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с.Добрашане.

При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови се неповолни за вршење на третманот, истиот ќе се спроведе првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email