Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојните третмани, кои ќе се реализираат во период од 5 до 7 октомври 2026 година, од 08 до 16 часот. Во вториот есенски циклус, ќе се одвива дератизација против глодари и третман против црна бубашваба, во канализационата мрежа на територија на Општина Куманово. Во процесот на дератизација ќе се користи препаратот deration parafinato и препаратот cymina plus за третман против бубашваби.
Доколку временските услови нема да бидат соодветни за извршување на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени за нареден период, кога временските услови ќе бидат поволни.