Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска имаше средба со Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во РС Македонија.
Низ разговорот беа потенцирани пријателските односи меѓу двете земји, меѓусебната соработка во повеќе општествени области и беа разгледани можности за отворање на нови перспективи, кои би биле од значење за граѓаните.