Раководителката Краљевска и советничката Петрушевска беа во посета на Општина Беране – Црна Гора, по повод Ден на збратимениот град.
Во рамки на посетата, делегацијата присуствуваше на свечена седница и на приемот со претседателот на Општина Беране Ѓоле Лутовац и претседателката на Собранието на Општина Беране Вида Ивановиќ. На свечениот прием беа разменети пригодни подароци, како симбол на почитта и стабилните односи меѓу Куманово и Беране, кои со години се надградуваат преку меѓусебна поддршка.
Континуираната соработка меѓу двете страни создаде можности за размена на искуства, заеднички иницијативи и продлабочување на соработката во повеќе области, со цел понатамошен развој и напредок на двете збратимени општини.