На 5 октомври 2026 година, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи 18. седница на Советот на Општина Куманово, со почеток во 09:00 часот, со следен
Дневен ред
Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 10 (десет) работници по пат на отстапување преку агенција за привремени вработувања за период до една година;
Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 20 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година;
Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
Предлог – Одлука за пренесување на правото на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
Предлог – Одлука за усвојување на Извештај-Елаборат за проценета висина на штети причинети од природни непогоди и други несреќи на територија на Општина Куманово во 2025 година;
Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 05-а/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ – Куманово.