11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Заедници со интегритет” – работилница за претставници од Општина Куманово

“Заедници со интегритет” – работилница за претставници од Општина Куманово

Во рамки на проектот “Заедници со интегритет”, во Велес се одржува дводневна работилница, на која учествуваат секретарот Емилија Сларидис Јаневска и претставници од сектори од Општина Куманово.
Целта на работилницата е идентификување, прецизирање и структуирање на корупциските ризици како сегменти во рамки на Регистарот на ризици , врз основа на веќе утврдените стратешки и оперативни ризици.
Секретарот на Општина Куманово, презентираше за улогата на регистарот и управување со ризиците, како систем за успех на општината.
Во работилницата беа вклучени учесници поделени во групи според сродни сектори и одделенија.
Проектните активности се реализираат со поддршка на владите на Швајцарија и Кралството Шведска, со имплементација на Националниот демократски институт (НДИ).

.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања на Отсек за превенција