11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

НовостиСоопштенија

“Застани, јас сум пешак!” – кампања

“Застани, јас сум пешак!” – кампања

Претставниците на Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво од Општина Куманово, денеска низ централното градско подрачје, спроведоа кампања под мотото “Застани, јас сум пешак!”
Кампањата е наменета за сите пешаци, со укажување да користат само обележани места за поминување на коловоз, односно пешачки премини, да не се претрчува преку коловоз, бидејќи на тој начин го загрозуваат својот живот и може да предизвикаат сообраќајна незгода.
На возачите им беше укажано задолжително да намалат пред пешачки премини, особено пред училиштата и на сите обележани места да ги пропуштаат пешаците.
На сите пешаци и возачи кои застануваа пред обележан пешачки премин, им беа поделени флаери и маици со испишан слоган на денешната кампања: “Застани, намали ја брзината, јас сум пешак!”

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email