11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Затворање на Детски ликовен камп “АСНОМ” 2026

Затворање на Детски ликовен камп “АСНОМ” 2026

Шеснаесеттото издание на традиционалната манифестација Детски ликовен камп “АСНОМ” – Куманово 2026, (22 -24 јуни 2026 год.), под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, заврши денеска во ресторан Грација.

На креативната работилница учествуваа 30 ученици од општинските основни училишта, заедно со корисниците на услугите од “Дневен центар” и “Порака наша”, под менторско водство на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска Радошевиќ.

Учесниците изработуваа ликовни дела во повеќе техники: сликарство, графика – монотипија и изработка и декорација на керамички садови, на грнчарско тркало. Посебно внимание на ликовниот камп привлече обуката за изработка на грнчарски садови, од страна на кумановскиот грнчар Стојан Трајковиќ, кој пренесе дел од своето знаење и искуство.

Со пригодни зборови манифестацијата ја затвори директорката на Фондацијата за култура и спорт Куманово, Сања Давидовиќ, пред посетителите кои имаа можност да ја разгледаат изложбената поставка.

Присуствуваа претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

На сите учесници им беа доделени благодарници за нивната посветеност и учество на ликовната колонија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИE