11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

НовостиСоопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.07.2026 година (среда)

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.07.2026 година (среда)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со елементарната непогода од обилни врнежи на територија на Општина Куманово, како и со актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар.

На состанокот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претставници на Општината, ТППЕ – Куманово, ЈЗУ Општа Болница – Куманово, ЈП Национални Шуми подружница Куманово, ЈП “Чистота и зеленило”, ДЗС – Куманово.

На состанокот беа донесени следниве заклучоци:

  1. ЈП “Чистота и зеленило”, ЈП “Водовод” и ТППЕ – Куманово активно работат на терен за расчистување на паднатите дрвја, кровни конструкции и други материјали.
  2. За пријавување на штети и потреба од помош за санирање на последиците од невремето, граѓаните можат да се обратат на:

Општински штаб за заштита и спасување, 078/365-061.

За итни интервенции, ТППЕ Куманово – 193

Даниел Спиридонов (овластено лице од Општина Куманово), 071/338-034.

  1. Општина Куманово ќе издвои финансиска поддршка за набавка на вода за Општина Гостивар од средствата на општинскиот буџет, предвидени за финансирање на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
  2. Општината ќе обезбеди и испорача вода со цистерна од ТППЕ Куманово.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
НовостиСоопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ
НовостиСоопштенија
ТППЕ Куманово доби ново противпожарно возило
НовостиСоопштенија
Кампања на Отсек за превенција