11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

По невремето со силен ветер и дожд во тек на минатата недела, ги известуваме граѓаните на Општина Куманово кои претрпеле штета, да поднесат Барање до Комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди во архива на Општина Куманово, најдоцна до 31.07.2026 година (петок).
Во прилог на Барањето, потребна е следната документација :

– Копија од личен документ (лична карта) за физички лица или решение (или тековна состојба од регистрација во Централен регистар) за правни субјекти, сопственици на имотот;

– Копија од имотен лист за објекти, кои имаат претрпено оштетување од поплави;

– Копија од трансакциска сметка на сопственик.

Може, но не е неопходно, да се достават и фотографии од настанатите штети.

Доколку пропратната документација не биде доставена во прилог при поднесување на Барањето, претставниците од Комисијата ќе ги информираат барателите за истово при увид на лице место, заради дополна на Барањето.

По невремето со силен ветер и дожд во тек на минатата недела
(20.07. – 26.07.2026 година), ги известуваме граѓаните на Општина Куманово кои претрпеле штета, да поднесат Барање до Комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди во архива на Општина Куманово, најдоцна до 31.07.2026 година (петок).
Во прилог на Барањето, потребна е следната документација :

– Копија од личен документ (лична карта) за физички лица или решение (или тековна состојба од регистрација во Централен регистар) за правни субјекти, сопственици на имотот;

– Копија од имотен лист за објекти, кои имаат претрпено оштетување од поплави;

– Копија од трансакциска сметка на сопственик.

Може, но не е неопходно, да се достават и фотографии од настанатите штети.

Доколку пропратната документација не биде доставена во прилог при поднесување на Барањето, претставниците од Комисијата ќе ги информираат барателите за истово при увид на лице место, заради дополна на Барањето.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email