Општина Куманово ги известува граѓаните дека поради издадено правосилно решение за отстранување, односно рушење на објект кој се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“, зад автобуска постојка за јавен превоз (спроти “Уред”), ќе биде извршена привремена дислокација на автобуската постојка (настрешница) на самото стојалиште.
И покрај привремената дислокација, јавниот автобуски превоз ќе се одвива непречено, без прекин во функционирањето на линиите. Автобусите и понатаму ќе застануваат на истото стојалиште, при што патниците ќе можат непречено да го користат јавниот превоз.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.