Индустриска зона ,,Новини и Речица”
Индустриска зона ,,Новини и Речица”
Куманово гради нова инфраструктура, создава услови за економски развој и отвора нови можности за стопанството и граѓаните!
Индустриската зона „Новини и Речица“ се простира на 65 хектари, на стратешка локација покрај коридорот Е-75, во близина на границата со Србија, меѓународниот аеродром, градот Скопје и главните транспортни врски.
Со вложувања на Општина Куманово и Владата, создаваме услови за нови инвестиции, отворање нови работни места и економски развој на целиот регион.
Пробиени се 9 нови улици, со 25 илјади квадратни метри асфалт во два слоја.
Изградени се над 1,5 километри фекална канализација, 1,7 километри водоводна мрежа, 2,4 километри атмосферска канализација и 3,6 километри електрични инсталации.
Потенцијалот на зоната веќе го препознаа 5 домашни и 2 странски компании, со вкупни инвестиции од над 130 милиони евра.
Од вкупно 31 градежна парцела, 21 е слободна за нови инвестиции во лесна и незагадувачка индустрија, комерцијални и деловни објекти, големи трговски единици, хотелски комплекси и други содржини.
Продолжуваме да инвестираме во иднината на новите генерации!