Природниот амбиент на мегалитската опсерваторија – Кокино, вечерва беше сцена за музичките интерпретатори, кои настапија на манифестацијата во рамки на јубилејната програма, посветена на 25 години од откривањето на овој локалитет. Пред публиката се претставија Funk Shui, Дина Јашари, Galoski, Next to Silence, Diva камерен оркестар и Марија Димковска, со различни музички стилови, кои се израз на современата уметничка сцена.Целта на музичкиот перформанс е преку урбаната музика на архео – астрономската локација, да се промовира поинакво доживување и комуникација со надворешниот амбиент, кое го истакнува Кокино не само како сведоштво од минатото, туку како жив простор за нови културно – уметнички настани.Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово.