Македонското здружение на млади правници, во соработка со УНИЦЕФ и Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, одржа консултативна средба со фокус – група, во рамки на процесот за изработка на Национален акциски план за Европска гаранција за деца.
Целта е да се вклучат перцепциите, искуствата и предлозите на стручни лица, кои работат во области поврзани со детска благосостојба, во процесот на изработка на Национален акциски план за Европска гаранција за деца.
На средбата се дискутираше за клучните бариери и приоритетни мерки за подобрување на пристапот до услуги од областа на социјална и детска заштита, образование, здравство, исхрана и домување за ранливи категории деца: деца изложени на ризик од сиромаштија, деца Роми, со попреченост и без родителска грижа, деца во судир со законот, од сложени семејни средини и рурални подрачја.
Стручната перспектива на учесниците беше значајна за утврдување на реално остварливи и приоритетни мерки, како и за проценка на потребните ресурси за успешна имплементација, со цел Националниот акциски план да биде заснован врз реални потреби и капацитети во Македонија.
