11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“КуманиУМ”– уличен фестивал за деца

“КуманиУМ”– уличен фестивал за деца

На платото пред НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, денеска се одржа традиционалниот уличен фестивал за деца, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.
Манифестацијата е во рамки на празничната културно – уметничка програма во чест на 11 Октомври.

На плоштадот најмалите имаа можност да се дружат со професионалниот аниматор и жонглер, Дарко Ѓурчиновски,  во Comedy kids show (Комедија за деца) и “Кидос” – маскоти на омилените јунаци од детски цртани филмови. Дружењето беше збогатено со детско ликовно катче, кадешто најмалите ги изразија креативните способности, мотивирани од забавниот несекојдневен настан.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email