11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Локален совет за превенција во соработка со ЈЗУ Општа Болница Куманово спроведоа активност за проверка на шеќер во крвта и крвен притисок

Локален совет за превенција во соработка со ЈЗУ Општа Болница Куманово спроведоа активност за проверка на шеќер во крвта и крвен притисок

Денес Отсекот за превенција како член на Локален совет за превенција во соработка со ЈЗУ Општа Болница Куманово спроведоа активност за проверка на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните, како мерка за заштита од топлотни удари во овој период од годината.

Од страна на лекарите и медицинскиот персонал, на граѓаните им се препорача на овие високи температури да се придржуваат  на препораките и да не се движат надвор во период од 11:00  -18:00 часот, да носат светла лесна облека, очила  за сонце, капи на глава, да се користи лесна храна,без употреба на алкохол и да се употребуваат многу течности.

Ова е уште една,од низа активности на Oтсекот за превенција, преку кои се реализираа заклучоците донесени на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Известување
СоопштенијаНовости
Авионско прскање против комарци