11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Меѓународен детски фолклорен фестивал во Куманово

Меѓународен детски фолклорен фестивал во Куманово

Треттото издание на традиционалниот детски фолклорен фестивал во организација на Детско младински фолклорен ансамбл “Срма”- Куманово, започна вечерва, во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ. Пред присутните се обрати претседателот на културно – уметничкото друштво “Срма”, Марјан Бошковски, кој ги поздрави гостите, нагласувајќи ги фолклорното богатство и традиционалните вредности, кои ги поврзуваат народите во регионот. На дводневната манифестација пред публиката ќе се претстават 17 детски фолклорни ансамбли: - Србија: КУД “Топлица” – Прокупље, КУД “Леминд” – Лесковац, ФА “Севдах” – Врање, КУД “Коло” – Бујановац и КУЗ “Завичај” – Сурдулица, - Црна Гора: КУД “Пљевља” – Пљевља, - Македонија: Ансамбл “Љиљан” – Скопје, ФА “Кочо Рацин” – Лозово, ФА “Љупчо Сантов” – Кочани, ФА “Бучим” – Радовиш, АНПО “Кочо Рацин” – Скопје, ФА “Стоби” – Градско, КУЗ “Фолклористи” – Крива Паланка, КУД “Српски вез”, ДФМА “Срма” и КУД “Панче Пешев” од Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кумановско културно лето 2026
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
СоопштенијаНовости
Кампања за превенција и заштита од пожари