
На градскиот плоштад, вечерва се одржа 22 издание на традиционалниот меѓународен тамбурашки фестивал, со поддршка на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Манифестацијата со пригодни зборови ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакнувајќи го значењето на фестивалот, кој е препознатлив и заштитен знак на градот.
Пред публиката настапија музички интерпретатори и тамбурашки оркестри од земјава и странство: “Ла Банда”, Нина Стругар, ГТО “Плевља”, Т.О. “Табиет”, Наум Петрески, Нино Величковски, Виктор Димитриевски и Боби Амадеус.
На сите учесници и покровители на овогодинешниот настан им беа доделени благодарници, во знак на нивната посветеност и поддршка.
Пред почетокот на музичката манифестација градоначалникот со претставници од општинската администрација, организираше прием за гостите учесници од Србија и Црна Гора и домашните изведувачи.