11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Кампања на Отсек за превенција

Кампања на Отсек за превенција

Денес Отсек за превенција од СВР Куманово, како активен учесник и член на Локален совет за превенција, заедно со Општински совет за превенција, спроведоа кампања за информирање на граѓаните за забраната за користење на огнено оружје на семејни веселби.
Во разговор со граѓаните е упатен апел најстрого да се придржуваат на законски одредби од Закон за оружје,неовластено држење и пукање со огнено оружје, и дека секое вакво однесување и загрозување на животот на други граѓани е кривично дело.
На граѓаните им беа делени превентивни флаери со насоки и информации за секој кој неовластено користи, поседува или употребува огнено оружје.
Исто така се упатува и апел до сопственици на угостителски објекти да се придржуваат и внимаваат во однос на гласна музика во кафе објекти и ресторани, со што го нарушуваат јавниот ред и мир на други граѓани. Секое непочитување на Законски одредби повлекува и законски санкции.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email