На иницијатива на Секторот за образование при Општина Куманово, се одржа работен состанок, во кружната сала на поранешен Комитет, со директорите на оштинските основни училишта и претставници на МОН, УНИЦЕФ, СОНК, претседателката на Советот на Општината и Комисијата за образование при Советот, како и општинскиот просветен инспектор.
Целта на состанокот беше анализирање на моменталната состојба за упис на ученици во прво одделение, за учебната 2026/2027 година, со акцент на формирање на паралелки во прво и шесто одделение, согласно добиените насоки од Министерство за образование и наука, како и во согласност со процесот на оптимизирање на училишната мрежа во основните училишта. Процесот е започнат во 2023 година, од страна на МОН, во соработка со УНИЦЕФ. Секој директор на училиштето имаше можност да ја изнесе моменталната состојба со уписот на учениците во прво одделение и да добие иструкции од МОН и УНИЦЕФ, за оптимизирање на паралелките, во согласност со Законот зa основно образование.
