Традиционалниот детски фестивал “Пеперутка”, се одржа вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, во организација на Здружението на уметници и музичари – XA&EM од Куманово.Пред публиката се претставија учесници од четири држави: Македонија, Албанија, Србија и Косово, кои интерпретираа 21 песна на албански јазик, збогатени со сценска кореографија.Манифестацијата е реализирана со поддршка на Општина Куманово, како дел од Програмата за културно – уметнички настани за 2026 година.
