Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска и претставници од општинската администрација, денеска остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Jiang Xiaoyan. Приемот е во рамки на претстојниот прв фестивал на кинески филм во Македонија, чие пригодно отворање во Куманово, ќе се одржи вечерва, во Занаетчиски дом.
Во пријателски амбиент беше истакната досегашната комуникација, взаемната почит и меѓусебната соработка, како и бројните успешни проекти меѓу двете земји, кои се од витално значење за граѓаните. Остварената релација во областа на културата е само уште една нишка, која ги изразува традиционалните вредности помеѓу пријателските народи.