11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

Прес – конференција за добитници на Ноемвриска награда на Општина Куманово за 2026 година

Прес – конференција за добитници на Ноемвриска награда на Општина Куманово за 2026 година

Претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Самет Салиевски, денеска одржа прес – конференција, на која ги соопшти овогодишните добитници на Ноемвриската награда на Општина Куманово:

 

 

  1. Ноемвриска награда на Општината Куманово за 2026 година, во вид на Диплома и паричен износ, им се доделува на следниве поединци:

 

  1. Шенаси Јусуфи, лекар спец. по педијатрија и неонатологија, основач и сопственик на ПЗУ „Алфа Медикус“ – Куманово, за неговата долгогодишна работа и особен ангажман во здравството на примарно, секундарно и терцијарно ниво, за што сведочат и добиените благодарници, признанија и дипломи од професионални лекарски здруженија и институции од државата, а автор е и на повеќе стручни научни трудови од областа на педијатријата и неонатологијата, како и на овогодишната монографија која го документира неговиот повеќедецениски професионален, научен, институционален и хуманитарен ангажман.

 

  1. Бошко Тасиќ, спортски новинар, со долгогодишно професионално искуство, за неговиот придонес во развојот, афирмацијата и медиумската промоција на спортот во Куманово и пошироко.

 

  1. Марина Цветановска – Мартиновска, ликовен уметник и педагог, за нејзиниот долгогодишен творечки и професионален придонес во развојот и афирмацијата на ликовната уметност, која преку своето творештво, изложби и учество на меѓународни манифестации на кои има добиено бројни награди и признанија, е промотор на нашиот град на светската ликовна сцена.

 

  1. Стојанка Стојковиќ, претприемач, во пензија, која со својата професионалност, претприемачки дух, упорност и визија претставува позитивен пример за успешно претприемништво и одговорно деловно работење, за нејзиниот долгогодишен ангажман и континуираните заложби за развој на компанијата „Екстра Меин“ – Куманово со што придонесе за јакнење на локалната економија и поттикнување на претприемачката иницијатива во општина Куманово.

 

  1. Ноемвриска награда на Општината Куманово за 2026 година, во вид на Диплома, се доделува на следните правни лица:

 

  1. Културно-уметничко друштво „Панче Пешев“ – Куманово, кое оваа година одбележува голем значаен јубилеј – 100 години постоење, работа и придонес во културниот живот во градот, за илјадниците одржани концерти со учество на многубројни фестивали во државата и надвор од неа и презентација на фолклорот и македонските народни игри и песни како музички и културни вредности на македонската култура и традиција.

 

  1. Друштво за градежништво и услуги „Урбанинг“ ДОО Куманово, за донација на проектна документација за изградба на новиот современ објект на СОУ „Сами Фрашери“ – Куманово, со што придинесе за обезбедување на поквалитетни услови за воспитно-образовнa работа и подобар развој на идните генерации на ученици.

 

  1. Спортски кик бокс клуб „Предатор“ – Куманово, за афирмацијата на градот и државата при учеството на државни, европски и светски првенства во спортот кик бокс, на коишто кик боксерите од овој клуб имаат освоено највисоки медали.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Јавен повик