11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

Пригодно одбележување на 17 Октомври – “Ден на Команда за операции”

Пригодно одбележување на 17 Октомври – “Ден на Команда за операции”

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Команда за операции, во кумановската касарна “Боро Менков”, на покана на бригадниот генерал, Мирче Ѓоргоски, командант на Командата за операции.
На воената манифестација присуствуваа високи државни функционери, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, која се обрати пред присутните, делегации од Министерството за одбрана на РСМ, од Генералштабот на Армијата на РСМ, претставници од Собранието и Владата на РСМ, од дипломатијата, од СВР – Куманово, раководни лица на јавни институции од локалната самоуправа, граѓански здруженија, организации и др.
Традиционалното одбележување е поврзано со светол датум од македонската историја, 17 Октомври, ден кога е формиран првиот воен штаб, за време на Кресненското востание, во 1887 година.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email