
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на претставници од општинската администрација, денеска ги прими младите талентирани спортисти и нивните наставници/тренери, кои постигнаа најдобри резултати на државно ниво на спортските игри за млади – “Плазма”, посакувајќи им успех на претстојните натпреварувања.
Кумановските основци се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, на турнирот кој за првпат се организира во нашата земја, како најголема аматерска спортска манифестација во Европа, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата и Министерството за спорт на РСМ.
17 млади спортисти победија во мал фудбал, баскет 3х3 и атлетски дисциплини и се изборија за учество на интернационално ниво.
Победниците ќе учествуваат на младински спортски игри во Сплит, во конкуренција на пет држави од регионот, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.