11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Прием на наградени ученици во Општина Куманово

Прием на наградени ученици во Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска организираше прием за најдобрите ученици и наставници по физичка култура, нивни тренери, од општинските основни и средни училишта, кои освоија бројни награди на државни првенства, во индивидуални и колективни спортови.

Во пригодна атмосфера градоначалникот им упати честитки на талентираните млади спортисти за постигнатиот успех, потенцирајќи го непобедливиот и нескршливиот спортски дух на Куманово низ историјата, во присуство на претставници од општинската администрација, кои континуирано ги поддржуваат спортските манифестации, во рамки на програмата на Општината.

Учениците се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, во женска и машка конкуренција: кошарка, ракомет, одбојка, футсал и атлетика, со поддршка на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово – ОСУСК.

Наградите и трофеите од државните борилишта, гордо ги понесоа учениците од ООУ “Кочо Рацин”- Јана Анастасовска I место атлетика – 100 м и I место атлетика – скок во далечина, Теодора Арсовска II место, атлетика – скок во височина и I место атлетика – штафета 4×100 м женска екипа, ООУ “Браќа Миладиновци”- II место футсал машки, III место одбојка женски, Павел Петковски I место атлетика – 100 м, I место атлетика – штафета 4×100 машка екипа, ООУ “Браќа Рибар” – с.Табановце – II место футсал женски, I место фудбал женски, Лара Спасовска I и II место атлетика 600 м и III место атлетика 4×100 м женска екипа, ООУ “Толи Зордумис” – Мелани Станковиќ I место атлетика – ѓуле, ООУ “Христијан Карпош”- Јован Јовановски I место шах, ООУ “Крсте Мисирков”- Глигориј Павловски III место шах, Михаил Стојановски II место атлетика – скок во височина, ООУ “Бајрам Шабани”- II место фудбал машки, Рона Јакупи I место атлетика 60 м (6-7 одд) ООУ “11 Октомври”- Лазар Трајковски III место атлетика – 300 м (6-7 одд), СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – II место кошарка машки, II место ракомет машки, Лина Аневска I место атлетика 100 м и I место атлетика – скок во далечина, СОУ “Перо Наков”- III место атлетика – штафета 4×100 м женска екипа, Стефанија Апостоловска III место атлетика ѓуле, СОУ “Наце Буѓони”- Ведран Николовски I место атлетика – 100 м и II место атлетика – 400 м, Ана Трајчевска I место атлетика – 400 м, Јована Трајковска II место атлетика – 400 м, Марио Пешевски II место атлетика – скок во далечина и I место атлетика – штафета 4×100 машка екипа.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email