Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со одбојкарки и тренерот на ЖОК „Златибор“ – Чајетина Станко Брашанац, кои престојуваат во Куманово, во рамки на возвратната посета и продолжувањето на спортската соработка со ЖОК Куманово. На средбата присуствуваа тренерот на ЖОК Куманово Горан Станиќ и спортскиот новинар Марјан Стошевски.
Посетата следува по престојот на одбојкарките на ЖОК Куманово на Златибор, каде што реализираа заеднички тренинзи и контролни натпревари со ЖОК „Златибор“ – Чајетина, стекнувајќи нови спортски искуства и пријателства.
Во рамки на посетата на одбојкарките од Златибор на Куманово, во спортската сала Куманово се одржа интернационален турнир во одбојка за жени, со учество на: ЖОК „Куманово“, ЖОК „Златибор“ – Чајетина, ЖОК „УГД Штип“ и ЖОК „Форца“ – Скопје. Турнирот беше можност за спортско натпреварување и создавање нови пријателства.
Градоначалникот Димитриевски истакна дека ваквите спортски соработки овозможуваат размена на искуства и зајакнување на врските меѓу збратимените општини. Воедно, од име на ЖОК Куманово, градоначалникот на гостите од Златибор им додели дипломи за освоено прво место на интернационалниот турнир во одбојка.
Општина Куманово продолжува да го поддржува спортот како мост на пријателство и соработка, со уверување дека партнерството меѓу Куманово и Чајетина и меѓу двата клуба ќе продолжи да се развива преку нови заеднички активности.