11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Рома труба фест 2026” – Меѓународен музички фестивал

“Рома труба фест 2026” – Меѓународен музички фестивал

Традиционалната меѓународна музичка манифестација посветена на ромската народна песна и изведба со дувачки инструменти, се одржува два вечера по ред (21-22.08.2026 год.), на градскиот плоштад во Куманово. Фестивалот е во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир” – Куманово, со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ. Пред многубројната публика, фестивалот го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, нагласувајќи ја сплотеноста на мултиетничката заедница и мозаикот на обичаите, културата и традицијата. Свое обраќање имаше и претставник од културно – уметничкото друштво, домаќин на фестивалот, Самет Салиевски, кој се заблагодари на сите учесници и покровители. На 21 издание на фестивалот настапија музички изведувачи и дувачки оркестри од Македонија, Србија, Бугарија и Франција: Оркестар “Кеми Асанов”, Кочани Оркестар, Оркестар Исидор Зеќировиќ, Панајот Кирилов, ОркестарМаријан Крстиќ, нашиот сограѓанин, Виктор Димитриевски и француската атракција, музичката група “Lous Brandalous”, како специјални гости. Сцената на втората фестивалска вечер беше резервирана за Демир Кантуровски и Уска Кан – “Кантуровски Оркестар”, “Екрем Мамутовиќ и нови надежи”, Оркестар Давид Антиќ и Оркестарот Бобан. Од име на организаторот на сите учесници, како достојни амбасадори и промотори на ромската песна ширум светот и на покровителите, им беа доделени статуетки, во знак на благодарност, посветеност и повеќегодишна соработка.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email