11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

Секретарот на Општина Куманово на студиска посета во Хрватска

Секретарот на Општина Куманово на студиска посета во Хрватска

Во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година, делегација составена од градоначалници и секретари од шест македонски општини учествуваше на студиска посета во Хрватска, посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници. Претставници на општините Куманово, Битола, Кичево, Новаци, Демир Капија и Вевчани ги посетија Загреб, Пушќа, Забок, Крижевци и Риека, каде се запознаа со успешни модели за активно учество на граѓаните и локалните самоуправи во производството, споделувањето и управувањето со обновлива енергија.

Студиската посета, организирана од “Еко – свест” со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел и Шведска, придонесе за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи и отвори простор за понатамошна соработка и размена на искуства.

Споделеното искуство ќе им помогне на македонските општини полесно да ги применат новите законски можности и да развиваат локални енергетски иницијативи, што ќе придонесат кон исполнување на националните климатски и енергетски цели.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ