Се известуваат жителите на месната заедница од с.Орашац, Куманово, за закажаниот собир на граѓани на кој ќе се бира раководството на месната заедница, на 30.05.2026 година (сабота). Собирот на граѓани ќе се одржи во просториите на месната заедница во с.Орашац, со почеток во 20 часот. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, жители на селото, да присуствуваат на собирот.