Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение

Ги информираме граѓаните на Општина Куманово дека на 08.11,09.11. и 10.11. (петок, сабота и недела) ќе биде сменет режимот на сообраќајот на ул. “Гоце Делчев”, поточно на дел од ул. “Гоце Делчев” покрај Градскиот плоштад, со пренасочување заради поставување на монтажна бина – сцена за изведување на културно уметничка програма – концерти на естрадни уметници, а по повод прославувањето на денот на ослободување на град Куманово, 11ти Ноември. Монтажната бина – сцена ќе биде монтирана на 07.11.2019 година (четврток) во вечерните часови, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови на 11ти Ноември (понеделник).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст