Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на РСМ го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка, за снабдување со природен гас во домаќинствата, до 31 октомври 2026 година.
Со мерката се обезбедува финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70% од направените трошоци, за куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за набавка на котел на гас. Средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат
своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика,
рударство и минерални суровини на РСМ.