11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Спортски активности против насилство и девијантни појави

Спортски активности против насилство и девијантни појави

Отсек за превенција – СВР Куманово со поддршка на Општински совет за превенција на детско престапништво – Општина Куманово, реализираше спортски настан под мотото: “ Спорт ДА – Дрога НЕ!”
Основна цел на настанот е поттикнување на младите, слободното време да го поминуваат во спорт, дружење, почитување на другите во непосредна околина, без насилно однесување и девијантни појави.
Домаќин на настанот беше ООУ “Карпош”-с.Умин Дол, каде се натпреваруваа во футсал 3 спортски екипи во мешан состав, од подрачните училишта во с.Ново Село и с.Љубодраг.
Благодарници за учество во кампањата им беа доделени на сите учесници во едукативните активности, од страна на Отсек за превенција – СВР Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email