Денеска градоначалникот на Општина Куманово заедно со претседателката и дел од членови на Совет на Општината, пратеници во Собранието на Македонија и директорот на ЈП Чистота и зеленило, оствари средба со дел од месното население на селата Пчиња, Винце и Студена Бара, во врска со деценискиот проблем на опожарување на депонијата Краста.
На средбата заеднички беше констатирано дека се неопходни дополнителни сили и механизација од страна на Општина Куманово, како и дополнително обезбедување помош од општествено одговорни компании од градов.
Општина Куманово ќе вложи напор да го реши проблемот краткорочно, а долгорочното решение ќе биде со имплементација на проектот за изградба на фабрика за отпад за Источниот и Североисточниот регион, проект што е во напредна фаза на имплементација.