11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово

Се известуваат граѓаните на општина Куманово, дека на ден 21.07.2026 година (вторник) по трет пат, ќе се изврши терестичка дезинсекција (против возрасна форма на комарци. Третманот ќе започне на полноќ, од 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови, на следните локации:

По течение на река Кумановка од Кумановска бања, преку с.Проевце, м.в. Бејтови ниви, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот Октомвриска револуција, на површините околу градскиот парк и ул.Никола Тесла, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, во Диво Насеље, по текот на реката во с.Романовце, градски гробишта, Зелен рид, по должина на булеварот Трета МУБ и ул.11 Октомври, со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на р.Серава, населбата Перо Чичо и други локации низ градот.
Во процесот на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот ЦИТРОЛ УЛВ.
Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања на Отсек за превенција