11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

”Тумба фест Куманово 2026” – Меѓународен фестивал на народна песна

”Тумба фест Куманово 2026” – Меѓународен фестивал на народна песна

На кумановскиот градски плоштад, вечерва се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, “Тумба фест 2026 Куманово”, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – “Етно ризница” Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината. Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско поднебје, во изведба на музички уметници од Македонија, Србија и Германија: Ленче Кукиќ, Ташко Каранфиловски и “Астра бенд”, Нино Величковски, Катерина Мицанова, Марјан Драгиќ, Катерина Брезева и “Соната”, Матео Шваст, “Савршен дан”, Боби Амадеус и Татјана Јовановска, Василија Петрова, Јованка ЈО, Круме Спасовски и Владо Дојчиновски, Виктор Димитриевски, Борче Наумовски – министерот, Мишко Микеле Србиновски, Кире Науновски, Сашо Трајковски и Вукица Челебиева. На сите учесници и покровители им беа доделени благодарници за нивната посветеност, поддршка и учество на манифестацијата, а наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја понесе Раде Младеновски, за песната “Ракија”, композиција потпишана од Ристо Самарџиев и Цане Петров. Наградата за трајни вредности и припадна на познатата македонска вокална интерпретаторка, Ленче Кукиќ, за популаризација на македонската народна песна и за промоција на фестивалот со реноме, “Тумба фест”, музички настан кој е заштитен знак на градот.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email