11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Филмај 2026” – Меѓународен фестивал на краток филм

“Филмај 2026” – Меѓународен фестивал на краток филм

Вечерва во Занаетчиски дом беше отворено осмото издание на меѓународниот фестивал на краток филм – Филмај, во организација на кумановскиот Фото кино клуб “Козјак”, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово, во рамки на Програмата за културни манифестации на Општината, за 2026 година.

На дводневната манифестација (27 и 28 мај 2026 год.) ќе бидат прикажани 16 кратки филмови. Членовите на жири комисијата Елеонора Венинова (сценаристка и режисерка), Ангела Стојановска (актерка) и Георге Тодриа, (режисер) ги избраа добитниците на награди за овогодинешното издание на реномираниот фестивал.

За најдобар македонски филм е прогласен “Остров”, сценарио и режија на Бранко Костески, Балинт Кенјерес е добитник на наградата “Лазар Ѓорѓевиќ”, за најдобрата режија на филмот “Претстава”, наградата “Радислав Ристевски” му припадна на Џанлука Палма, за најдобра кинематографија, за снимање на “Непријател”, а авторот на “Мршојадци”, Диан Вејс е добитник на наградата “Козјак”, за најдобро сценарио. Наградата “ФИЛМАЈ” за најдобар краток филм му припадна на “Нилски коњи”, сценарио и режија на Џ.Џ.Лин.

Во официјалната селекција спаѓаат и три филмa од домашна продукција: “Избор” во режија на Марко Црногорски, “Зајак”, сценарио и режија на Ханис Багашов и “Мала шега”, во режија на Трифун Ситниковски.

Пред публиката ќе бидат прикажани и селектираните 8 филмски остварувања: “Добрeдојдовте дома”, “Норхајмсунд”, “Пес и волк”, “Агапито”, “Али”, “Којоти”, “Чоколатце” и “Висок напон”.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општинската администрација.

 

 

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Честитка за верскиот празник Курбан Бајрам