Во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, денеска беа одбележани 50 години, од успешното постоење на општинското основно училиште “Наим Фрашери”, сведоштво на посветеноста кон националната култура.Јубилејната прослава со пригодна реч ја отвори претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на претставници на општинската администрација, претставници од локални образовни институции, високи државни институции и гости од збратимено училиште од Прешево, Србија.Пред публиката со културно – уметничка програма настапија ученици, кои низ песна, игра и рецитал, потсетија на достигнувањата, работата и успесите на бројните генерации, кои поминале низ училишните клупи.





