Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2026 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.19/25) и Правилник за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија за 2026 година бр. 01-9330/1 од 12.06.2026 година, Градоначалникот на Општина Куманово, распишува
Ј А В Е Н П О В И К
за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2026 година
Јавниот повик се распишува заради обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија и законите, преку давање на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово.
За распишување на овој Јавен повик обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово во висина од 3 000 000 денари согласно Програма за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2026 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.19/25).
Максималниот износ по апликација не треба да надминува 1 000 000 денари.
Финансиска поддршка на здруженија се однесува на воспоставување и спроведување на социјални услуги на територија на општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита како и иновативни социјални услуги и тоа:
1.Услуги на советување
2.Услуги во домот
- лична асистенција
- помош и нега во домот
3.Услуги во заедницата
- услуги на дневен престој
- услуги на привремен престој
4.Услуги на вон-семејна заштита
- Живеење со поддршка
Согласно Социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година нотирани се следниве приоритетни социјални услуги и тоа:
1.Услуги во заедницата/услуги на привремен престој
- Кризен центар
- Шелтер центар
- Центар за бездомници
2.Услуги на вон-семејна заштита
- Живеење со поддршка
Здруженијата коишто ќе поднесат апликација за воспоставување на една од приоритетни социјални услуги наведени во Социјалниот план, ќе имаат приоритет во однос на сите останати апликации.
Финансиската поддршка не се однесува на здруженија кои имаат потпишано управен договор со Министерство за социјална политика, демографија и млади а за којашто бараат финансиска поддршка преку јавниот повик објавен од страна на Општината.
Како подносители на барањата за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово, може да се јават здруженија кои ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
- Да имаат Статут и Програма за работа за 2026 година која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;
Подносители на барањата за остварување на правото на финансиска поддршка кои ќе се пријават на Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2026 година, а врз основа на Правилникот , потребно е задолжително да приложат:
- Апликативен формулар за остварување на право на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2026 година
- Изјава од апликант
- Тековна состојба од Централен регистар на РСМ со седиште на територија на општина Куманово (со полн назив, адреса и регистрирана дејност), не постара од 6 месеци;
- Статут на здружение;
- Програма за работа на здружение за 2026 година ( заверена со печат и архивски број);
- Потврда од Управа за јавни приходи (УЈП) за платени даноци и други јавни давачки не постара од шест месеци;
- Кратка биографија на координаторот,
- Трансакциска сметка на здружението;
Формуларот за апликација, уредно пополнет со целокупната пропратна документација се доставува во писмена форма, во рокот утврден во јавниот повик, исклучиво во општинската архива, со назнака:
„До: Комисија за разгледување на барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија за 2026 година“- Општина Куманово, ул. 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.
Апликациите со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок нема да бидат предмет на разгледување.
Едно здружение на јавниот повик може да поднесе само една апликација за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита.
Сите поднесени апликации, во предвидениот рок, за остварување на ова право по објавен јавен повик ќе бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување на апликации за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија.
Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово, ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk и ќе трае 12 (дванаесет) дена од денот на неговото објавување.
Сите подносители на апликациите ќе бидат поединечно известени за избор/неизбор по стапување на сила на Одлуката за распределба на финансиски средства за вршење работи од социјална заштита на здруженија.
Сите заинтересирани здруженијa, апликационен формулар за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2026 година и Изјава од апликант, можат да ги преземат од web страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk. Формуларот се пополнува електронски а до општинската архива се доставува во писмена форма со пропратната документација.
Рокот за поднесување на барања за учество на јавниот повик ќе трае 12 (дванаесет) дена односно од 12.06.2026 до 23.06.2026 година, во општинската архива во временски период од 8 часот до 14 часот.
Сите заинтересирани здруженија подетални информации за јавниот повик можат да добијат во просториите на Општина Куманово во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.