11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Јавна дебата на тема “Женско лидерство како огледало на заедницата”

Јавна дебата на тема “Женско лидерство како огледало на заедницата”

Денеска во Занаетчиски дом се одржа јавна дебата како дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници”, финансиран од ЕУ, кофинансиран од Кралство Шведска, а имплементиран од “The Kvinna till Kvinna Foundation”, во партнерство со “Акција Здруженска” и Хуманитарно здружение „Мајка”- Куманово.

Целта е да се презентираат и да се дискутира за социо – економската состојба и заедничките приоритети на жените кои живеат во рурални средини и придобивките од нивно учество, како и конкретни предлози за поинклузивно и родово одговорно планирање, преку систематско вклучување на различни категории маргинализирани жени од страна на локалните институции во сите фази на локални политики. Ова е можност за унапредување на учеството на жени во процеси на локално одлучување преку: поттикнување на партиципативни практики, зајакнување на локалното застапување со вклучување на жени во структурите на месните заедници, поврзување на жени од терен со институциите.

Присуствуваа претставнички на рурални заедници, на локалната самоуправа, членови на Совет на Општината, јавните претпријатија и граѓански организации.

На дебатата се обрати секретарот на Општина Куманово, која зборуваше на тема механизми на локалната самоуправа за консултација со граѓани во креирање на програма и буџет на Општината, вклученост на жени од рурални средини и конкретни општински чекори за подобрување на женското граѓанско учество.

Свое излагање имаше и координаторот за еднакви можности на жени и мажи, која ја истакна соработката со Комисија за еднакви можности на жени и мажи и реалниот начин за поголемо вклучување на жени од рурални средини во процеси на донесување одлуки, како и за организирање општински буџетски форум, со механизми што ќе обезбедат нивно учество во процесот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Известување