Дводневниот традиционален меѓународен боксерски турнир Мирослав Петровиќ, во организација на Боксерски клуб “Куманово” и Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, заврши денеска на градскиот плоштад во Куманово (12-13.06.2026 год.).
На шесттото издание на масовниот турнир во бокс, се натпреваруваа спортисти од 13 држави: Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Словенија, Унгарија, Романија, Молдавија, Италија, Турција, Германија, Белгија и Казахстан, во јуниорска, младинска и сениорска категорија.
Градоначалникот на Општина Куманово, со пригодни зборови се обрати пред публиката, на финалниот дел од турнирот, кога беа доделени признанија, медали и трофеи за најуспешните учесници.
Овогодинешната спортска манифестација беше под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерството за спорт на РСМ и Боксерска федерација на Македонија.
Манифестацијата беше збогатена со фолклорен настап.









