Покана за доставување на понуди за ученичка екскурзија – „Киро Бурназ“
Согласно Правилникот за начинот на изведување на ученички екскурзии на учениците од средните училишта, ССОУ „Киро Бурназ“-Куманово објавува
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
За организирање на завршна ученичка екскурзија за учебната 2017/2018 год
- Опис на услуга
– организирање на завршна екскурзија на ученици од трета година во траење од 5 дена во месец мај 2018 година според содржините во Програмата, на релација Куманово-Верона-Лидо ди Јесоло-Венеција-Шибеник-Мостар-Дубровник-Будва-Куманово, со 2 ноќевања во Лидо ди Јесоло /Италија/ и Мостар /БиХ/ во хотел со 3* и 4*со појадок и вечера. Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на Училиштето секој работен ден од 8-14 часот.
- Минимални услови кои треба да ги исполнуваат понудувачите се :
– да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност;
– да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во последните 3 години /потврди за успешно изведени екскурзии/;
– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
- Понуда треба да ги содржи следните документи:
– документи како доказ за исполнување на минимални услови;
– програма за реализирање на екскурзијата;
– пополнет образец на понудата и
– изјава за сериозност на понудата.
- Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен , на денот на потпишувањето на договорот со Училиштето треба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 % од вкупната проценета вредност на договорот.
Критериум за доделување на договор за изведување на ученичка екскурзија е најниска цена.
Рокот за поднесување на понуди е 5 работни дена .
Понудите да се достават до ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово со назнака за Комисија за прибирање на понуди за ученичка екскурзија.
ССОУ „Киро Бурназ“ Куманово