Реномираниот европски фудбалски трурнир – Eurosport Cup 2026, дел од програмата на AFT Grand Tour, започна денеска на спортските терени во Куманово и Скопје.
На тридневната спортска манифестација (2-4 октомври 2026 год.) ќе учествуваат 74 екипи во машка конкуренција, од генерациите 2015, 2017 и 2019 година, од 17 европски држави: Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Турција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Малта, Романија, Бугарија, Словенија, Полска, Грција, Молдавија, Англија и Црна Гора. На турнирот ќе настапат и познати италијански клубови: S.S. Lazio, Torino FC и FC Spezia Calcio, кои секогаш привлекуваат внимание меѓу љубителите на фудбалската игра.
Општината е поддршка на дел од натпреварите, кои ќе се играат на кумановските фудбалски терени.