Најстарата спортска манифестација во Македонија, традиционалната велосипедска трка, која ги обединува спортистите во чест на националниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и ден на борецот, се одржа денеска во Куманово, во рамки на Програмата за културни и спортски настани за 2026 година, на Општината.
Учествуваа 100 велосипедисти од земјава и странство, во повеќе возрасни категории, во машка и женска конкуренција: Елит, Елит жени, јуниори, кадети, У-15, У-13, У-15 женски и Мастерс.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, на најуспешните спортисти им ги додели празничните награди, признанија и трофеи.
Меѓународната манифестација ја организираа кумановскиот велосипедски клуб “ВЕЛО – М”, Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК и Велосипедска Федерација на Македонија.