11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Џез фестивал “Филип Стевановски” Куманово 2026

Џез фестивал “Филип Стевановски” Куманово 2026

Традиционалната џез манифестација посветена на трагично починатиот музички уметник, Филип Стевановски, започна вечерва во Занаетчиски дом, во организација на ИНОКС – Институт за наука, уметност, култура и спорт.
На првата фестивалска вечер (13.10.) настапија “BRAMHA” и “NAKED”, на втората (14.10.) ќе се претстават “Пијан славеј” и “Мемфис мафија”, третата финална вечер – “Последниот тон не е крај” (15.10.), е резервирана за “DIATIC” и “MAK BRAS” и за доделување на благодарници за сите поддржувачи на манифестацијата.
Публиката ќе има  можност да проследи филмски приказ во 3 дела, за еднодецениското  “патување” на фестивалот, кој со својата програма и квалитет, покажа дека е уникатна џез приказна.
Јубилејното фестивалско издание – “10 години звук, 10 години емоција”, средби и музички вечери, има хуманитарен карактер. Средствата се  наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во дискотека “Пулс” – Кочани.
На настанот присуствуваa  претставници од општинската администрација.
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ, во областа на музиката и музичко – сценската дејност, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email