
Учениците и наставниците од ООУ “Магдалена Антова” – Куманово, денеска го чествуваа патрониот празник, со културно – уметничка приредба, збогатена со поетски стихови, драмски настап, фолклорна игра и песна.
Поканетите гости и делегации во знак на благодарност и почит, положија свежо цвеќе, пред бистата на народниот херој од НОБ, Магдалена Антова.
Општина Куманово ја претставуваа делегација од администрацијата и делегација составена од членови на Советот на Општината.